Стефановски е во игра за шампионската титула, победа и рекорд во Швајцарија

Нов голем успех оствари Игор Стефановски Иџе во рамките од европскиот шампионат на ридски – брзински патеки. Македонскиот автомобилист доминираше во групата „3“ и постави рекорд на трката во Швајцарија со својот „хјандаи“.

На трката во Сент Урсане ја запиша третата победа оваа сезона и повторно е во игра за титулата. Со вкупно време од 04:16.033 на двете трки беше најбрз во својата група на возачи, трет во првата категорија и 12-ти во целокупниот пласман на различни конкуренции.

Иџе ја сподели радоста преку социјалните мрежи:

– Ова е Македонија, ова се вистинските Македонци. Благодарам на сите што дојдовте да ме бодрите – напиша нашиот автомобилист.

Потсетување дека во оваа конкуренција Стефановски беше шампион во 2014 и 2015 година.

Во генералниот ранкинг во категоријата на затворени автомобили, во групата „3“ води Антонино Миљуло со 134 бодови, а Македонецот има 123. До крајот на сезоната треба да се возат уште трките во Словенија и Хрватска каде што Иџе ќе го даде максимумот да дојде до нови победи и се обиде да стигне до тронот.

Останати вести