Само во Скопскиот регион за една година е украдена струја во вредност од околу А$75 милиона! Вработен во најголемиот дистрибутер на струја – австриски ЕВН, кој сака да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од А$9 милиони!
Власта, и локалната и централната, ги знае овие податоци но молчат за овој криминал. И во годините зад нас се објавувани стотина новинарски приказни за тоа како контролорите на ЕВН едноставно немаат пристап до струјомерите од поедини домаќинства а кои со години не платиле сметка за струја. Често доаѓа и до физички пресметки. Лани и преклани ЕВН се жалеше дека, на пример во Грчец (Општина Сарај) на големо се “рудари“ биткоин со крадење струја но дека нивните екипи не смеат да припарат таму. Ниту МВР не им даваше поддршка.
По барање на населението ЕВН од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново… но за возврат што се случува?
Според неофицијалните податоци на анонимниот вработен во ЕВН, конкретно во февруари годинава загубите на електрична енергија во Арачиново изнесуваат околу 80%. Тоа значи дека толкав процент од струјата е повлечен (потрошен) од домаќинствата во Арачиново а не е платен. И попрецизно:
Ова се официјалните извештаи на ЕВН за Општина Арачиново.
Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е А$450. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е А$9 милиони евра за една година. Колку години со ред е вака?
Истото се случува и во други делови од Скопскиот регион: во село Сингелиќ, населба Серава, село Грчец, село Крушопек, село Студеничани…
Едноставната математика покажува дека ако се земе истиот процент на кражба на струја од Арачиново, тогаш вредноста на неплатената електрична енергија достигнува до неверојатни А$75 милиони евра годишно.
Инаку Општина Арачиново е единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот, покажа истражувањето на невладината организацијата Центар за граѓански комуникации за наплата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година. Образложението од Општина Арачиново е дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение. На 11 декември 2020, Владата донесе одлука да го помогне Арачиново со 500.000 евра неповратна помош.