Трката за Големата Награда на Холандија заврши со славје на светскиот шампион во Формула 1, Макс Верстапен. Холанѓанецот на домашната трка на „Зандворт“ беше најбрз, а имаше и малку среќа на крајот да дојде до победата. Најголем губитник без сомнеж беше Луис Хамилтон, кој поради сигурносното возило падна надвор од местата на подиумот.
Макс тргна од првото место, водеше во првиот стинт и заедно со Шарл Леклер промени гуми. “Ферари“ одново погреши, немаше спремни гуми за Саинц, па тој падна ниско, а тоа го искористи дуото од “Мерцедес“. Хамилтон и Расел избија во водство, изгледаа одлично на патеката, но на крајот немаа среќа. Јуки Тсунода предизвика виртуелно, а Ботас вистинско сигурносно возило и тука се промени ситуацијата.
Верстапен, Расел и Леклер ставија меки гуми кои ги одведоа на местата на подиумот, додека Хамилтон остана на поистрошени и падна четврти. На крајот дополнителниот бод за најбрз круг го зеде Холанѓанецот. Зад водечката четворка заврши Саинц, ама поради казна падна осми. Пред него беа Перез, Алонсо и Норис.
Веќе следниот викенд најбрзиот тркачки циркуз се сели во Монца за култната трка во Италија.