Фудбалот се игра уште од средината на 19-тиот век со првиот натпревар помеѓу Шефилд и Холам на 26 декември 1860 година и претставува најомилен спорт на планетата. Од тој прв натпревар се менуваа правилата, но никогаш не премногу.
Сега, според последните најави на состанокот на ИФАБ (тело на ФИФА задолжено за усвојување на нови правила) ќе бидат донесни правила кои значително ќе го променат фудбалот каков што денес го знаеме. Во Лондон ќе се разговара за неколку промени, но посебно се истакнуваат две.
Првата е поврзана за траењето на натпреварите. Иако на семафорот ќе стои 90 минути, наместо досегашните околу саат и 45 минути во просек натпреварите би траеле и повеќе од два часа. Идејата е на секој поголем прекин и било каква судиска интервенција да се стопира времето како што е случај во ракометот и кошарката.
ФИФА и ИФАБ сакаат максимално да го намалат периодот на „мртва игра“ и моментите кои се без никакви случувања на теренот. Првиот обид за вакво нешто го видовме на Мундијалот во Катар каде што гледавме огромни продолженија.
Втората голема промена е правилото за офсајд. ИФАБ ќе разговара за предлогот на Арсен Венгер кој е директор за развоја во ФИФА. Венгер предложи офсајд правилот да биде променето така што на напаѓачите ќе им биде дозволено да бидат со телото пред дефанзивецот под услов еден дел од телото да биде во линија со дел од телото на играч во одбраната.
Овие правила се уште се во фаза на проценка, но со самото тоа што стигнале до ИФАБ се покажува тендеција за прилично големи промени со цел освежување на фудбалот. Ваквите правила би требало да бидат воведени по завршувањето на сезоната 2023/2024, а пред нив би можеле да се имплементираат неколку други помали новости.
По завршувањето на тековната сезона, судиите во дополнителното време ќе го вклучуваат и времето потрошено на прослава на головите.
Втора промена во врска со поништувањето на головите е во ситуацијата кога резервните играчи влегуваат на теренот. Досега на судиите им беше сугерирано да поништат гол ако во текот на акцијата некој резервист влезе на теренот. Сепак, ситуацијата на Мундијалот каде што неколку Аргентинци влегоа на теренот пред Меси да постигне гол за 3:2 против Франција ја натера ФИФА да размисли за промена. Новото правило би гласело – голот да биде поништен ако резервистот кој влегол на теренот има влијание на играта.
Исто така тука е и правилопто „анти-Мартинез“. Имено, на голманите ќе им биде забрането на било каков начин (доближување до играчот, допирање на пречката и стативата, шетање по гол-линијата…) да го деконцетрираат изведувачот на пеналот. Нешто со што многу се служеше аргентинскиот голман Емилијано Мартинез на Мундијалот.