Тиктокер виновен за гранатирањето на трговскиот центар во Киев

Службата за безбедност на Украина (СБУ) уапсила младо лице кое на Тик-ток објавило видео од трговскиот центар во Киев, а во кое била откриена позицијата на украинските воени сили, пренесуваат украински портали.

Како што се наведува, тиктокерот пред гранатирањето на трговскиот центар во Киев на оваа социјална мрежа објавил видео на кое се гледаат украински војници.

Потоа трговскиот центар претрпе силен ракетен напад од страна на руската армија.

„Свесно или несвесно ова лице работело како непријателски набљудувач, што подоцна ќе го утврди истрагата. Апелираме до сите граѓани да не објавуваат податоци за движењето на воените единици на Вооружените сили на Украина, воените објекти и резултатите од непријателските удари“, се наведува во соопштението на СБУ.

Од друга страна, СБУ ги повика граѓаните да пренесуваат податоци за локацијата на непријателот преку чет-боксот „stop_russian_var_bot“ и партнерската апликација „Bachu.info“, која пренесува податоци дури и ако корисниците немаат интернет.

Останати вести