На третиот меч како член на Ал Наср, Кристијано Роналдо имаше можност да се бори за првата титула во Саудиска Арабија, но до тоа сепак нема да дојде откако неговиот тим загуби во полуфиналето на Суперкупот од екипата на Ал Итихад.
Португалецот го одигра својот втор официјален натпревар за новиот клуб и не успеа да се запише во листата на стрелците, но по поразот од 3:1 ги дочека и првите провокации во Саудиска Арабија.
Трендот од Европа се префрли и во Саудиска Арабија, бидејќи по крајот на натпреварот противничките навивачи на Ал Итихад го скандирале името на неговиот голем фудбалски ривал.
– Меси, Меси, Меси – извикувале од трибините противничките фанови, додека Роналдо се упатувал кон тунелот на стадионот во Ријад.
Инаку и тренерот на Ал Итихад, Руди Гарсија индиректно ја обвини првата ѕвезда на тимот.
– Една од работите што го сменија текот на натпреварот беше пропуштената шанса на Кристијано Роналдо во првото полувреме, изјави францускиот тренер за новинарите по натпреварот.
Наместо финале и борба за прв трофеј во новата средина, трет меч на Роналдо ќе биде оној против Ал Фатех на 3 февруари во домашното првенство.