Треба 70 проценти да бидат вакцинирани за нормализација

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, изјави дека жителите ќе мора да научат да живеат со варијантата делта, признавајќи дека ковид-19 можеби никогаш нема да изсчезне.

Но трошка надеж за жителите на Сиднеј, кои се борат со долгиот карантин, е да се стигне магичната бројка од 70 проценти на целосно вакцинирани.

Тогаш имунизираните жители во  Сиднеј ќе можат да вечераат во ресторани, да пијат во барови и да тренираат во теретана – што се очекува најрано во октомври – според предложениот патоказ за излез од кризата со ковид-19 во Нов Јужен Велс.

Планот го подготвија владините министри и чека одобрување од премиерката Гладис Береџиклијан.

Во него Владата ќе бара 70 проценти од жителите на Нов Јужен Велс да бидат целосно вакцинирани против коронавирус за да се воведе „планот за слобода“.

Премиерката Береџик­лијан се очекува да го објави патоказот за жителите на Нов Јужен Велс пред 28 август. Се очекува целта од 70 проценти да се постигне кон крајот на октомври, кога ќе има 6 милиони вакцинирани. Од луѓето во иднина ќе се бара да покажат сертификат за вакцинација доделен од Комонвелтот за да влезат во просториите. Доказот за вакцинација ќе биде синхронизиран со Medicare и достапен преку апликација на мобилен телефон. Училиштата најверојатно ќе се отворат во четвртиот термин, кој започнува на 5 октомври, додека ноќните клубови се очекува да останат затворени додека Нов Јужен Велс не стигне до 80 проценти вакцинација. За оние што ќе изберат да не се вакциниранаат најверојатно ќе им биде дозволен пристап до повеќето места откако ќе се постигне целта од 80 проценти имунизација на населението, но овој детал од планот се уште не е финализиран.

Останати вести