Три деца загинаа во пад на мал авион, со кој управувал нивниот дедо

Минатиов петок, Питер Наил (65) и неговите внуци Рафаел (11), Евита (9) и Филомена (6) загинаа во несреќа во близина на главниот град на Австралија, Канбера, кога се урна авионот со кој управувал дедото.

Децата од Армидејл биле на гости кај нивниот дедо, а непосредно пред возењето со авион сите заедно отишле во зоолошка градина. Откако ги посетиле животните, децата си играле со својот дедо дома, а потоа решиле да се прошетаат со авион.

Се уште не е јасно како дошло до несреќата и што ѝ претходело. Контролата на летање слушнала застрашувачки звук пред несреќата и последните зборови на Питер Наил.

„Нема зборови со кои може да се опише тагата што ја чувствуваме. Само бараме да ја почитувате нашата приватност бидејќи ова се многу тешки моменти за нас“, велат членовите на семејството Неил.

Останати вести