Трофејна вечер на Престон Македонија 2022

Сезоната е завршена со успеси за Престон Македонија и промоција за наредната година па управата заедно со фудбалерите можеа заслужено да прослават.

На презентационата вечер наречена “PLFC 2022 MEDAL NIGHT”, во популарното свратиште “Сара Сендс“ во Брансвик се доделија признанија во опуштена атмосфера после што сите се забавуваа. На неа беа присутни првите и резервните екипи во машка и женска конкуренција.

Добидници на медалот Ди Пицуловска беа Рејчел Стиртон и Кеива Хеида.

Медалот Саша Огненовски го доби Андрија Роксандиќ. Одликувањето за најдобар стрелец го доби Конор Бел за првиот тим, Емин Алатовиќ за резервите и Рејчел Стиртон за првиот женски тим, а Гиулиана Павиа за резервниот женски тим.

Трофејот МекМилан/Петровски беше доделен на Крис Терпос.

Останати вести