Тухел:Сè додека имаме доволно дресови и автобус да нè вози, ќе се натпреваруваме со сите сили

Челси е под санкции, владата на Велика Британија го ограничи работењето на клубот, па иднината им е неизвесна, но Томас Тухел ветува дека тие ќе продолжат да се борат и да го даваат својот максимум.

Челси не може да продава дресови, влезници, не може да прави трансфери, дозволени им се само некои основни операции во клубот со кои може да функционираат.

Ги напушти и главниот спонзор „Три“ и сега пред клубот се тешки денови доколку властите не тргнат дел од ограничувањата.

Челси се пласираше помеѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите откакo уште еднаш покажаа дека е подобар противник од Лил и славеше со 1:2 на гостувањето во Франција. По натпреварот трренерот Томас Тухел беше запрашан и за ситуацијата во Челси.

– Сè додека имаме доволно дресови и автобус да нè вози на натпреварите, ќе бидеме таму и ќе се натпреваруваме со сите сили, рече теренерот Тухел.

– Точно е дека ситуацијата е неизвесна, има секакви гласини, но ние ги правиме вообичаените работи, имаме тренинзи, состаноци, играме натпревари и ќе продолжиме да го правиме тоа.

Челси четвртфиналето во ЛШ ќе го игра пред празни трибини

Европската куќа на фудбалот (UEFA) му забрани на Челси да продава билети за четвртфиналето во Лигата на шампиони, па „сините“ ќе мора да играат пред празни трибини, тренерот Томас Тухел не беше среќен кога дозна од медиумите за оваа одлука.

Кога новинарите за ова го запрашаа Томас Тухел по крајот на натпреварот, Германецот им одговори: „Благодарам што ми ја уништивте вечерта“.

За него победата против Лил значеше историја, тој стана тренерот со најмногу победи во првите 50 натпревари во Лигата на шампионите, и со 32 победи го подобри постигнувањето на Зинедин Зидан (31 победа).

Останати вести