УЕФА ја казни Македонија за исвиркувањето на химната на Бугарија

УЕФА ја изрече казната за Македонија поради исвиркувањето на химната на Бугарија за време на натпреварот од 6. коло во Лигата на Нации што се одигра во Скопје.

Европската куќа на фудбалот изрече казна за Македонија од 10.000 евра за исвиркување на химната, како и дополнителни 4.500 евра поради фрлање на предмети на теренот.

Тодор Тодороски, кој доби црвен картон на тој натпревар, е суспендиран на 1 натпревар.

Натпреварот заврши со победа на Бугарија од 0:1, со што Бугарите се пласираа на втората позиција, оставајќи ја Македонија на третото место во групата во Лигата на Нации.

Останати вести