ФИФА ја казни Македонија, поточно ФФМ за однесувањето на македонските навивачи за бараж мечот за СП во Палермо кој нашите фудбалери го добија со изненадувачки 0:1 и се пласираа во финалето. Таму, како што е познато загубија од Португалија со 2:0, со што не успеавме да се пласираме на СП.
На мечот во Палермо македонските фанови запалија пиротехнички средства, што секако според правилата на ФИФА е забрането, па ФФМ ќе мора да плати казна од 2000 евра.
Ова секако нема да биде никаков проблем, сумата е мала, а и не е ништо во споредба со победата и успехот на фудбалерите.