ФОМКУД обединето за Мумба парадата во Мелбурн

Федерацијата на македонските културно-уметнички друштва на Викторија (ФОМКУД), заедничкото координативно тело на девет македонски културно-уметнички друштва од Викторија, со особена чест и гордост го најавува заедничкиот, обединет настап на Мумба парадата во Мелбурн во 2026 година, по неколкугодишна пауза.

Овој значаен културен настан ќе се одржи во понеделник, 9 март 2026 година, со почеток во 11:00 часот. Преку свеченото дефиле, македонските културно-уметнички друштва ќе ја претстават богатата македонска култура, традиција и национален идентитет пред пошироката австралиска јавност.

Собирното место за сите учесници е на Birdwood Avenue, во близина на Shrine of Remembrance, од каде што ќе започне парадата.

Со овој заеднички настап, ФОМКУД испраќа силна порака на единство, почит кон традицијата и континуитет во негувањето на македонското културно наследство во Австралија. Организаторите упатуваат отворена покана до целата македонска заедница да присуствува и со своето присуство да го збогати овој значаен настан.

ФОМКУД го сочинуваат следните културно-уметнички друштва:
„Светлост“, „Никола Карев“,  „Јане Сандански“, „Александар Македонски“, „Тоше Проески“, „Танец“, „Илинден“, „Бисер“ и „Св. Петка“.

Останати вести