Формула 1 го објави термините на сите трки во 2023 година

Организаторите на Светскиот шампионат во Формула 1 ги објавија термините за почеток на секоја од 23-те трки и шест спринтови, кои ќе бидат дел од календарот за 2023 година.

Сезоната ќе започне на 6 март во Бахреин, а трката во Кралството започнува во 02:00 часот по AET. Две недели подоцна (20 март) ќе се одржи трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Стартот на патеката во Џеда е закажан за 04:00 часот. И двете трки ќе се возат под рефлектори.

Третиот викенд е закажан за во Австралија, на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн.

Датуми на сите трки во Формула 1 во 2023 година:

1. Гран при Бахреин (6 март) – 02:00 часот

2. Гран при Саудиска Арабија (20 март) – 04:00 часот

3. Гран при Австралија (2 април) – 15:00 часот

4. Гран при Азербејџан – 30 април) – 13:00 часот (спринт во 14:30 часот)

5. Гран при Мајами – 7 мај

6. Гран при Емилија-Ромања – 21 мај

7. Гран при Монако – 28 мај

8. Гран при Шпанија – 4 јуни

9. Гран при Канада – 18 јуни

10. Гран при Австрија – 2 јули

11. Гран при Велика Британија – 9 јули

12. Гран при Унгарија – 23 јули

13. Гран при Белгија – 30 јули

14. Гран при Холандија – 27 август

15. Гран при Италија – 3 септември

16. Гран при Сингапур – 17 септември

17. Гран при Јапонија – 24 септември

18. Гран при Катар – 8 октомври

19. Гран при САД – 22 октомври

20. Гран при Мексико – 29 октомври

21. Гран при Сао Паоло – 5 ноември

22. Гран при Лас Вегас – 19 ноември

23. Гран при Абу Даби – 26 ноември.

Останати вести