Франција како гаранција: Макрон ги повикал кај себе Радев и Петков за ветото кон Македонија

Оваа средба е се уште завиткана со мистерија: ниту се кажува кога ќе биде, ниту дали ќе има претставници од Македонија… И што доколку понудата биде во корист само на Бугарија а катастрофална за Македонците?

Бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот Кирил Петков наскоро ќе одат на средба со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, и како што пишува БГНЕС, се очекува да го прифатат неговиот предлог за кревање на ветото за преговори на Македонија со ЕУ.

Од друга страна, пак, БГНЕС, повикувајќи се на изјави на учесници на последниот коалициски совет, јавува дека од Владата информирале оти „француското претседателство ветило дека ќе ги вклучи сите бугарски барања во преговарачката рамка и нивното исполнување ќе биде гарантирано од самиот Макрон“.

Еден од коалициските партнери изјавил дека тоа значи оти имаат целосна доверба во Макрон, но и ризикуваат да влетаат во десетгодишен спор бидејќи секоја од земјите членки може да го блокира решението и тоа ќе се претвори во бескраен спор, а тие не сакаат „турска варијанта“.

За друг учесник на средбата, пак, предлозите на Макрон не се јасни и воопшто не е сигурно дека Европската комисија може да гарантира нивно исполнување во иднина.

Во текстот уште се додава дека кревањето на ветото е неопходно и поради барањето на Украина да почне преговори за членство со ЕУ и многу лош сигнал ќе биде ако Украина добие покана, а Македонија и Албанија и натаму чекаат. Наводно поради тоа француското претседателство брза со предлогот, кој би требало да биде готов пред состанокот на Корепер (координација помеѓу сите МНР на ЕУ непосредно пред Советот), а претходно да биде одобрен од бугарското Министерство за надворешни работи.

Инаку на средбата не се разговарало многу за „проблемот со правата на Бугарите во Македонија“ ниту за основната точка од Договорот за пријателство од 2017 година за заедничката историја на двете држави.

Претседателот Румен Радев ќе го свика Консултативниот совет за национална безбедност (што беше барање на премиерот Петков) дури по враќањето од Париз. Потоа и Бугарската социјалистичка партија ќе го свика нејзиниот Национален совет на кој лидерката Корнелија Нинова ќе добие мандат да го поддржи текстот договорен во Париз. Другите партии кои се дел од владината коалиција ќе ги повикаат своите пратеници во Собранието “да гласаат по сопствена совест“ односно да г поткрепат “единственото решение“.

На тој начин Бугарија ќе ја смени позицијата а премиерот Петков ќе гом исполни ветувањето дека “секое репение ќе биде дадено за одобрување на Народнотомсобрание“.

Агенцијата БГНЕС уште пишува дека на крајот на средбата на коалицискиот совет била донесена одлука во следните две недели „никој да не коментира и да зазема став за прашањето за Македонија“, а тоа особено важи за претставници на МНР. Претставниците на политичките партии кои што учествуваат во владата, пак, ќе тврдат дека „нема никакви отстапувања во однос на прашањето за РСМ и националните интереси на Бугарија ќе бидат заштитени“.

Исто така, наводно, била постигната согласност секое различно мислење и позиција за прашањето од политичари, научници, историчари и новинари „да биде максимално брзо нападнато и со тешки политички обвиненија“.

Останати вести