За само еден месец, поради трите порази на Евро 2020, Македонија паѓа од 62. на 72. позиција на ФИФА ранг листа. Ова е најголемиот пад на нашата фудбалска селекција во последниве две години.
Во јуни 2019 година бевме 73-то пласирани но првпат по месец октомври 2015 година паѓаме 10 позиции подолу. Во таа 2015 од 105 паднавме на страшното 138-мо место а во 2016 пред доаѓањето на Игор Ангеловски за селектор аларамот беше вклучен откако Македонија беше на очајното 166. место на светската ранг листа.
Од сите фудбалски селекции на светот, покрај нас десет места паднаа уште и Турција која одигра мизерно на Европското првенство, како и Венецуела која во Јужна Америка е топовско месо за противниците. Полош пад имаа само Кинески Тајпеј (11 места) и Тајван (17 места подолу на рангот).
Пред нашите фудбалери подобро рангирани сеа се Словенија, Црна Гора, Ирак, Албанија, ОАЕ, Кина.
Од нашата група Германците очекувано паднаа за четири места и сега се 16 на светската ФИФА ранг листа. Романија падна на 45. место а Исланд на 53. Ерменија има пристоен напредок и со скок од три места сега е на 87-ма позиција. Лихтеншајн назадува одново и сега е 189 на светот.
Европскиот шампион Италија скокна две места и сега е на високото 5. место со освоени нови 102 рејтинг бодови. Англија е четврта. Белгија и натаму е прва и покрај тоа што испадна во четвртфинале на Евро 2020. Бразил е втор, а Франција е трета.