Хари Стајлс го прекина концертот за Стефан Филипоски да ја запроси девојката

Хари Стајлс ги воодушевува своите австралиски обожаватели додека настапува низ целата земја како дел од неговата Love On Tour.

На концертот во Мелбурн минатиот викенд, британскиот пејач (29) му помогна на еден млад човек да ја запроси својата девојка за време на шоуто.

Ѕвездата го прекина својот концерт на половина за да му даде микрофон на Стефан Филипоски да ја запроси Кони Морисон.

– Само сакам да кажам колку Хари е добар, но има некој кого го сакам тука повеќе и со кого сакам да се оженам. Ќе се омажиш ли за мене Кони, ја праша Стефан својата девојка.

Кони рече „да“ и публиката аплаудираше додека се бакнуваа.

Стефан додал дека Хари го прашал дали е „сериозен“ во врска со запросувањето пред да му го даде микрофон.

– Помина покрај мене ми намигна, кимна со главата и ми рече: „Дали си сериозен? Сакаш да продолжиш?“ реков: „Да“. Дефинитивно ова е моментот.

Кони откри дека тоа не било наместено и било само спонтана одлука.

Стајлс им ја посвети на Стефан Филиповски и Кони Морисон и својата песна Cinema.

Останати вести