Трета победа по ред во годинашново првенство за “волците“ кои се на првото место со ист број на бодови заедно со Лавертон ФК.
Како куриозитет за оваа талентирана генерација е статистиката која покажува дека првиот тим на Кило Волци всушност нема загубено 21 натпревар по ред.
Гостите први дојдоа до водство во 59 минута со голот на Кацпер Хубиак за 0:1. Но потоа следеше серија на “волците“ и се редеа головите на: Лука Видаковиќ 66`, Матју Кардвел 76` (авто гол), Даниел Паункоски 81 минута и Питер Модафери во 88 минута за 4:1.
Во сабота, на 9 април, Кило Волци гостуваат кај Мелбурн Сити со почеток во 15 часот.