Четврта државна лига на Викторија запад, 4 коло, Мелбурн Сити – Кило Волци 1:4

Волците се на првото место со 4 победи од исто толку натпревари и полека се одлепуваат од останатите екипи. За првиот гол не се чекаше долго, во 4 минута Норис Енго ја донесе првата предност од 0:1. Домаќинот успеа да изедначи во 9 минута со голот на Сантијаго Ариза. Со овој резултат на крај од првото полувреме се замина на домор.

Во вториот дел се играше 60 минута кога Даниел Ангелески ја затресе мрежата за ново водство од 1:2. Следеа уште два гола на Даниел Паункоски во 86 преку пенал и во 95 минута за конечните 1:4.

Во четврток, на 14 април, Кило Волци ја пречекуваат екипата на Сурф Кост со почеток во 20 часот.

Останати вести