Четврта државна лига на Викторија запад, 21 коло, Спринг Хилс – Кило Волци 0:5

Вистинско демолирање на домаќинот кој беше буквално прегазен. Стрелци на головите беа: Даниел Ангелески три, Џошуа Словачек еден и автогол на голманот Питер Коракас.
И покрај извонредната сезона “волците“ на крајот ќе завршат втори во лигата што е одличен резултат за екипа која минатата година доби промоција. Вестерн Страјкерс Каролајн Спрингс има 56 бодови што е четири бодови предност и загарантирано прво место во завршницата.
Во сабота, на 20 август, Кило Волци играат на домашен терен и ја пречекуваат екипата на Труганина Хорнетс со почеток во 15 часот.

Останати вести