Четврта државна лига на Викторија запад, 8 коло, Кило Волци –Муни Пондс Јунајтед 2:1

“Волците“ се една од ретките наши екипи во заедницата што оваа седмица славеа победа во Мелбурн. Првиот гол беше постигнат во 38 минута од А. Коронеус со кој поведоа “волците“ и имаа предност од 1:0 на крај од првиот дел.
Второто полувреме само што започна и во 47 минута беше досуден пенал, а Н. Самра беше прецизен егзекутор за израмнување од 1:1. Пред самиот крај на средбата Х. Чакарун во 88 минута го постави конечниот резултат од 2:1.
Во сабота, на 20 мај, Кило Волци ја пречекуваат екипата на Барвон со почеток во 15 часот.

Останати вести