И лериначни се придружија на трендот кај македонските клубови минатиов викенд и забележаа пораз на гостувањето во Мил Парк. Домаќинот дојде до водство во 20 минута преку Дени Баракат за 1:0.
Во второто полувреме следеа уште4 два гола на Турхан Сумбул во 46 и 70 минута за 3:0. Почесниот гол за ублажување на поразот го постигна Метју Конверсано во 83 за конечните 3:1.
Клубот на капитенот на Јуни Хил, Сами Хабиб, дента му оддаде признание за јубилејот што е 50 натпревари капитен на тимот.
Во сабота, на 9 април, Пленти Вали Лајонс ја пречекува екипата на Мелбурн Универзитет со почеток во 15 часот.