Четврта државна лига на Викторија север, 6 коло, Пленти Вали Лајонс – Гринваел Јунајтед 3:1

Победа пред домашната публика за Пленти Вали на доста остра средба во која беа подели дури седум жолти картони. Резултатот го отвори Л. Гиунта во 42 минута за водство на “леринчани“ од 1:0.
Во второто полувреме Гиунта се запиша уште двапати како стрелец во 49 и 80 минута. Додека едиствениот гол за гостите го постигна С. Галеано во 59 минута преку пенал.
Во сабота, на 6 мај, “леринчани“ гостуваат кај Бандура Јунајтед со почеток во 15 часот.

Останати вести