Минимален пораз на Нобл Парк кој досега има освоено само еден бод. Надеж даде на оваа средба што во 27 минута со погодокот на Вагнер имаше водство нашиот клуб. На крај домаќинот ја реши средбата со головите на Масиновиќ 62` и Корал во 85 минута од пенал за конечните 2:1. Пред крај на средбата Нобл Парк остана со играч помалку кога во 90 минута Тангариф беше исклучен со вториот жолт картон на мечот.
Во сабота, на 24 јуни, Нобл Парк Македонија ја пречекува екипата на Сомервил Иглс со почеток во 15 часот.