Четврта државна лига на Викторија југ, 2 коло, Нобл Парк Македонија – Нобле Харакенс 2:4

На првиот натпревар на домашен терен во локалното дерби забележан е пораз од 2:4. Стрелци на головите беа: Николас Петрески 18 и капитенот Филип Горшевски во 43 минута. Гостите головите ги постигнаа преку: Т. Буи 27, Ван Елит 72, И. Грин 74 и Д. Нгуен во 82 минута.
На оваа средба нашиот тим остана со играч помалку кога Марко Нешковски во 79 минута доби набрзина два жолти – кумулативно црвен картон.
Во сабота, на 1 април, Нобл Парк Македонија гостува кај Сомервил Иглс со почеток во 15 часот.

Останати вести