Уште еден пораз за Нобл Парк Македонија која е се уште без бодови по четири одиграни кола. Домаќинот прв постигна гол пред крај на првиот дел преку А. Танг за 1:0.
На почеток на вториот дел Нобл Парк Македонија изненади и постигна изедначување во 48 минута преку Џ. Боузиотис за 1:1. Кога се играа последните моменти од средбата, во 89 минута, М. Доминик го реши натпреварот за конечните 2:1.
Во петок, на 21 април, Нобл Парк ја пречекува екипата на Спрингваел Сити со почеток во 20:30 часот.