Никола Јокиќ по подолго време го облече дресот на Србија и ја претставуваше својата држава на изминатото Европско првенство. Иако важеше за еден од фаворитите, Србија застана во осминафиналната фаза, каде изненадувачки загуби од Италија.
Првата ѕвезда на Србите по шампионатот откри под кои правила е потешко да се игра, оние во Европа или тие кои важат во НБА лигата.
– Правилата се делумно одговорни за оваа разлика, а и поставеноста на теренот е поинаква. Димензиите на теренот се различни, нема правило за „одбранбени три секунди во рекетот“, па центарот на одбранбениот тим може постојано да биде во рекетот, а тројката е поблиску. Беше интересно да се игра по тие правила ова лето, тоа беше ново-старо искуство за мене. Одамна не сум играл по тие правила.
Потешко е да се игра под тие правила, затоа што треба да размислувате исклучително брзо. Во НБА, кога ќе го поминете вашиот чувар, можете да видите како доаѓа помошта во одбраната, а во Европа, помошта е веќе таму и треба да размислите однапред. Интересно е, вели Јокиќ.
Српскиот центар сега се насочи кон своите обврски со Денвер Нагетс. Наскоро започнува новата НБА сезона, во која тимот од Колорадо ќе се обиде да оствари нов пласман во плеј-офот и да биде дел од трката за шампионската титула.