Во Саботата, на 2 август, имаше свечена прослава по повод нашиот голем празник Илинден, и заедно се прославуваше 35 години постоње на Македонскиот Културен Центар Илинден во Перт Западна Австралија. На забавата присуствуваа повеќе од 300 Македонци но исто така и голем број политичари, и министерот за финансии David Michael кој е претставник за изборната единица Балката. Претседателот на МКЦ Илинден Никола Мурески доделуваше пофалници за почесните членови на клубот. Вечерта настапија и децата од фолклорниот ансамбал Илинден а за музичкиот дел се погрижија “Деспина Бенд” од Сиднеј. Посебна благодарност беше изразена до кореогравката Кате и прекрасните деца од фолклорниот ансамбл Илинден при МНО Вардар, и сите претставници од македонските организации.Можеме да кажеме дека оваа вечер долго ќе се памети.


