Џиновски скандал го тресе Бразил: Фудбалери од елитни клубови осомничени за местенки!

Џиновска афера со местенки ја стресе најфудбалската земја на светот Бразил, откако јавното обвинителство отвори истрага против 16 лица, меѓу нив и седум фудбалери од најголемите клубови дека лажирале мечеви и нелегално се обложувале.
Скандалот силно го потресе Бразил откако министерот за правда Флавио Дино побара да се суспендира првенството, после истрагата на федералната полиција да се истражат сите нерегуларности поврзани со обложување и местенки.
Според првите информации организирана криминална група плаќала фудбалери за да местат мечеви, а наводно најмалку по 100.000 американски долари биле исплаќани на играчи во Сантош, Крузеиро, Интернасионал, Флуминензе, Куиаба, Хувентуде и Атлетико Паранаензе.
Според обвинителството на државата Гоиас, 13 мечеви во Серија А и Серија Б биле лажирани, од кои осум во минатата 2022 година, а бразилската фудбалска конфедерација со писмо од државните власти побарале да се истражат до крај сите нерегуларности за кои постои и најмал сомнеж дека се нерегуларни.

  • Работиме заедно со ФИФА и бразилската конфедерација, но сето ова е сè уште во зачеток, ама решени сме да истраеме во битката против криминалот, измамите и нелегалните активности во фудбалот. Тие што се способни да прават криминал, за нив нема место во браизлскиот фудбал, рече првиот ловек на ЦБФ, Едналдо Родригез.
    Според најавите први осомничени фудбалери се Едуардо Бауерман, Габриел Тота, Пауло Миранда, Игор Кариус, Виктор Рамош, Фернандо Нето и Матеус Гомеш.

Останати вести