Министерот за финансии Џим Чалмерс го изнесе аргументот на Австралија против еден од контроверзните предлози на Доналд Трамп, кој би можел да го разниша пензискиот фонд на нацијата што е главно инвестиран во САД.
Контроверзниот член 899 од „големиот прекрасен закон“ на Трамп им дозволува на САД да воведуваат произволни „даноци на одмазда“ врз нации за кои администрацијата смета дека неправедно се однесуваат кон американските фирми – како што се технолошките гиганти Алфабет (Гугл) и Мета (Фејсбук).
Ова би можело да значи дека Австралијанците ќе бидат принудени да плаќаат и до 20 проценти поголем данок на американските инвестиции доколку тоа биде одобрено.
Австралија е под закана бидејќи владата се обидува да ги принуди технолошките гиганти да плаќаат за дел од парите што ги земаат од тука и да се однесуваат одговорно.
Потенцијално САД би можеле да ја употребат и Шемата на Медикер за фармацевтски бенефиции за да ги оправдаат казнените даноци. Австралијците уживаат во некои од најевтините лекови во развиениот свет, благодарение на Шемата на Медикер. Тука, тие се принудени да преговараат со медицински специјалисти кои навлегуваат во нивните цени и ги доведуваат во прашање понекогаш огромните неразумни разлики во цените помеѓу речиси идентичните лекови.
Доколку големите фармацевтски компании од САД можат да ја преземат контролата над Австралија врз пазарот на лекови, тие ќе можат да ги насочат своите погледи кон други пазари како Канада, Велика Британија и Европа, кои обезбедуваат слични здравствени придобивки за своите граѓани.
Многумина во австралискиот систем за пензиски фонд од 4,2 трилиони долари што е инвестиран во САД, изразија загриженост доколку се усвои законот, бидејќи стотици милијарди долари од пензиските средства на членовите наеднаш ќе исчезнат.
Г-дин Чалмерс им изјави на новинарите дека разговарал со американскиот секретар за финансии Скот Бесент и дал аргументи против предложениот нов данок.
„Во текот на последните неколку недели многу разговарав со австралиските инвеститори за нивната загриженост“, рече Чалмерс.
„Можев да ги претставувам и да ја искажам нивната загриженост директно кај американскиот секретар за финансии Бесент и знам дека и секретарот за финансии е многу фокусиран на овие прашања.“
„Се надеваме дека тие ќе можат да се решат. Не сакаме нашите инвеститори и нашите фондови да бидат неправедно третирани и обесправени во САД.“
Инвеститорите изразија загриженост во врска со понатамошно инвестирањето во САД поради растечката неизвесност околу член 899.
Главниот економист на AMP, Шејн Оливер, претходно овој месец изјави дека член 899 од законот, заедно со другите економски политики на администрацијата на Трамп, „го доведува во прашање инвестирањето во САД и статусот како безбедно светско засолниште“.
Претседателот на Фондот за иднината, Грег Комбет, исто така изрази загриженост во врска со законот, и тврдеше дека САД си штетат себеси со тоа што воведуваат несигурност ги попречуваат инвестициите.
„Член 899 од Законот драматично ќе ги зголеми даночните стапки за австралиските инвеститори како што е Фондот за иднината“, рече г-дин Комбет во говорот пред Комитетот за економски развој на Австралија.
„Во комбинација, овие политики и динамика ги прават САД ризична и неизвесна инвестициска дестинација.“
Моментално постојат две верзии на законот: една од Претставничкиот дом на САД и една од Сенатот.
Двете верзии треба да бидат идентични пред да му бидат прикажани на Трамп за одобрување.
„Пичер Партнерс“ изјави дека ако претседателот на САД даде зелено светло за данокот, Австралија ќе мора да ги укине законите што САД ги смета за несоодветни.
„Доколку помине, а Австралија биде идентификувана како земја со даночни практики кои се предмет на Законот, тоа ќе изврши притисок врз владата на Албанезе да ги укине сопствените закони, соопштија од „Пичер партнерс“.
Како што стојат работите потенцијалното влијание на овој закон е нешто што австралиските граѓани треба внимателно да го следат.