Австралиски весник во 1903: Борис Сарафов е автор на паролата Македонија на Македонците

На 31 октомври 1903 година австралискиот весник „Kalgorlie Miner“ (WA) пишува за главниот организатор на востанието во Македониј,а Борис Сарафов. Тој не е Бугарин, туку вистински Македонец, пишува во весникот уште во 1903 година.

Понатаму пишува дека Борис Сарафов бил роден во Либиаково, Неврокоп, во 1876 година. Основно образование завршил во Бугарија, а воена академија во Петербург. Беше дел од бугарската армија и во тоа време се залагаше за обединување на Македонија со Бугарија. Подоцна тој ги сменил своите ставови, наведува весникот, и станал голем поборник за основање на нова балканска држава – Македонија. Тогаш тој велеше – Македонија на Македонците. Поради тоа беше апсен во Софија и протеран од Бугарија. Потоа се приклучил на македонското движење.

Во 1902 година целиот европски печат ја пренесува неговата изјава: „Ние Македонците не сме Срби, не сме Бугари, ами просто Македонци“. Оваа изјава подоцна станува насловно мото на сите изданија на македонската колонија во Санкт Петербург.

Сарафов во 1902 г. за весникот на “Македонски глас“, Санкт Петербург (издаван од Димитрија Чуповски и соработниците) рекол:

“Ние Mакедонците не сме ни Срби, ни Бугари, туку просто Македонци. Македонскиот народ суштествува (постои,егзистира) одделно и од српскиот и од бугарскиот. Ние ги симпатизираме и едните и другите, кој ќе ни помогне да се ослободиме, нему ќе му речеме благодарам, но србите и бугарите нека не забораваат дека Македонија е само за Македонците.“

А во април 1901 година за британскиот „Лондон тајмс“ Сарафов вели:

„Кардинална грешка е да се претпоставува дека ние сакаме да ја добиеме Македонија за сметка на Бугарија. Ние Македонците се сметаме себеси за целосно одделен национален елемент и воопшто не сме склони да дозволиме нашата земја да биде земена од Бугарија, Србија или Грција. Всушност, ние ќе се спротивставиме на таков вид припојување со сета наша моќ. Македонија мора да им припаѓа на Македонците.“

Останати вести