„Речи му не на пушењето“, беше насловот на работилницата која што се одржа во ОУ „Коле Канински“ од Битола во рамки на одбележувањето на патронот на училиштето кое се одржува под мотото „Мојот јазик-моја мелодија“. На работилницата присуствуваa и почесниот австралиски конзул во Македонија Зоран Костовски, како и Филип Андерсон заменик-амбасадорот на Австралија во Амбасадата во Белград, кој ги сподели искуствата во борбата против пушењето.
-Австралија како држава во 50-те и 60-те години имаше многу висока стапка на луѓе што пушеја, но за разлика од порано ситуацијата каква е денес во 2023 можеме да се пофалиме со многу ниска стапка на пушачи во нашата земја, но пред се овај проект беше наменет за дечињата односно едукативната компонента ни е исто така многу важна исто така и општествената, изјави Филип Андерсон.
Од најмали нозе децата треба да се едуцираат за штетното влијание од пушењето, рече градоначалникот Коњановски.
-Неговата екселенција ги сподели неговите искуства како земја која што од одамна ги надминала проблемите со пушењето, ние само можеме да се вклучиме што поактивно и тоа почнувајќи од семејството од едукацијата, од особена значајност се и просветните работници и училиштата во еден ваков проект кој ќе каже не на пушењето. Порок кој како што знаеме сите и од медицински аспект и од социјален аспект ги надминува рамките на едно однесување кое што треба веќе да е зад нас. Младите треба да го следат примерот на она што ние како локална самоуправа ги поддржуваме овие проекти, меѓутоа образованието има клучно влијание. Големо е значењето и поддршката која ја имаме од Австралија како земја која дала добар пример за тоа како го решава. Се надевам дека младите искрено ќе стекнат поуки од ова, а ние сме тука да ја поддржеме оваа активност и уште многу други, изјави градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
