Австралиски набљудувачки авион ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина

Австралискиот прајминистер Ентони Албанезе  изјави дека Австралија во Германија ќе распореди авион за набљудување, како мерка за поддршка на Украина. Авионот ќе патролира по рутите за испорака на воена и хуманитарна помош за Киев.

Авионот И-7 A „Веџтеил“ (Wedgetail) во Германија ќе биде шест месеци и ќе вклучува и до 100 членови на екипажот и персоналот за поддршка од Австралија. Набљудувачкиот авион нема да влегува во украинскиот, рускиот или белорускиот воздушен простор.

Авионот И-7 A „Веџтеил“ е опремен со комбинација на радар за надзор со голем опфат, секундарен радар и тактички системи, за да обезбеди рано предупредување и воздушно надгледување, соопштија австралиските вооружени сили.

Албанезе учествуваше и на Самитот на НАТО во Литванија. Австралија е поканета да учествува бидејќи, заедно со Јапонија, Нов Зеланд и Јужна Кореја е партнер на Алијансата од Индо-пацифичкиот регион. Австралија е партнер на НАТО од 2014 година, учествуваше во операциите на Алијансата во Авганистан и во Ирак.

Германија за прв пат испраќа војници во Австралија на воена вежба

Германија за прв пат ќе испрати свои војници во Австралија, како дел од заедничките вежби со околу 30.000 војници од 12 земји, што ќе го покаже зголемениот интерес на Берлин за Индо-пацифичкиот регион поради зголемените тензии со Кина.
Во претходните години Германија го зголеми своето воено присуство во индо-пацифичкиот регион, што, според британската новинска агенција, е тенка линија меѓу безбедносните и економските интереси.
Тоа е регион од големо значење за нас во Германија, како и за Европската унија, поради економската поврзаност, изјави началникот на Генералштабот на германската армија, Алфонс Маис, за Ројтерс, неколку часа пред првите германски војници да заминат за Австралија.
Минатата година Берлин испрати 13 воени авиони на заеднички вежби во Австралија.
Маис рече дека до 240 германски војници, вклучително и 170 падобранци и 40 морнари, ќе учествуваат во вежбата “Талисман сабја“ од 22 јули до 4 август, најголемата вежба меѓу Австралија и САД што се одржува секоја година.
Германците ќе тренираат за симулирани војни во џунгла и операции за слетување, заедно со војници од Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Франција и Велика Британија.

Останати вести