Иако Бродмедоу Маџик одлично го отвори натпреварот во топлото и ветровито време во Квинсленд, поведувајќи со 0:1 уште во 4-та минута, натпреварот набрзо доби сосема поинаков тек.
Домаќинот Моретон Сити Екселсиор возврати со брз пресврт – во 15-та минута Скот Џ. го израмни резултатот, а само две минути подоцна Коџима К. погоди за целосен пресврт (2:1). Ситуацијата дополнително се усложни за Маџик по добиениот црвен картон во 40 минута, што му овозможи на противникот целосно да ја преземе контролата во второто полувреме.
Со играч повеќе домаќините доминираа и постигнаа уште три погодоци: Мураи С. во 56-та, Пенгели А. во 81-та и уште еден погодок во 89-та минута за конечни 5:1.
Следниот натпревар Бродмедоу Маџик ќе го одигра во сабота, на 8 ноември, кога гостува кај Саут Мелбурн, со почеток во 17:15 часот.
ТАБЕЛА
Група А
Саут Мелбурн 12
Моретон Сити Е. 6
Сиднеј Олимпик 3
Бродмедоу Маџик 3