Австралиски шампионат – 5. коло, Саут Мелбурн – Бродмедоу Маџик 2:0

На влажниот и студен ден во Мелбурн, фудбалерите на Бродмедоу Маџик се соочија со тешка задача – натпревар против лидерот во групата Саут Мелбурн. И покрај неповолните временски услови и силниот противник, “магичните“ покажаа борбеност и ангажираност до последниот свиреж.

Домашниоттим го отвори резултатот во 29. минута преку Акуек Манилуек, кој искористи момент на невнимание во одбраната на Маџик и прецизно погоди за 1:0. На почетокот од второто полувреме, во 56. минута, Џордан Лампард го удвои водството на Саут Мелбурн, поставувајќи го конечниот резултат 2:0.

И покрај поразот, Бродмедоу Маџик покажа карактер и ќе има можност за рехабилитација во последното коло од групната фаза. Следниот натпревар тимот ќе го одигра на домашен терен против Сиднеј Олимпик, на 16 ноември, со почеток во 13 часот.

ГРУПА А
Саут Мелбурн 15
Моретон Сити Екселсиор 7
Сиднеј Олимпик 4
Бродмедоу Меџик 3

Останати вести