Натпреварот се одигра во жешки и ветровити услови, со температури што достигнуваа 33°C и задолжителни паузи за освежување во двете полувремиња. За жал Бродмедоу Меџик го заврши натпреварувањето во Австралискиот шампионат со пораз од 4:2 од Сиднеј Олимпик. Гостите започнаа фуриозно, а поранешниот напаѓач на Еџворт Иглс, Рајан Фуц, постигна два гола во првите 12 минути, носејќи му рана предност на тимот од Сиднеј со 0:2.
Меџик возврати во 41-та минута, кога Џејмс Креснар со прецизен волеј ја затресе мрежата откако голманот на Олимпик го одби слободниот удар на Џек Симонс.
Капитенот на Олимпик, Али Аугла, во 62-та минута ја врати предноста од два гола со својот шести погодок во шампионатот. Само четири минути подоцна, Аден Гејџ Рафтери во 66 минута повторно го внесе Меџик во игра постигнувајки гол за 2:3.
Но, помалку од 20 секунди по продолжувањето на играта, гостите повторнопостигнаа гол преку Адам Паркхаус за конечните 2:4.
ГРУПА А
Саут Мелбурн 16
Моретон Сити Е. 8
Сиднеј Олимпик 7
Бродмедоу Меџик 3