Австралија ги пресели дипломатите од Украина во Полска и во Романија

Австралија времено ги суспендира активностите на амбасадата во западниот украински град Лавов „поради зголемениот ризик“, изјави австралиската министерка за надворешни работи, Марис Пејн.

Австралија на 13 февруари времено ги суспендираше своите активности на амбасадата во украинскиот главен град Киев, а потоа ги пресели своите операции во привремена канцеларија во Лавов.

Во изјавата Пејн наведе дека австралиската Влада им наложила на своите дипломати да ја напуштат Украина и ги повика сите државјани „веднаш“ да ја напуштат земјата. Таа додаде дека австралиски официјални лица има во источна Полска и Романија за да им помогнат на австралиските граѓани кои сакаат да ја напуштат Украина.

Министерката, исто така, го осуди официјалното признавање од страна на Москва на двете сепаратистички области во регионот Донбас во источна Украина.

Пејн нагласи дека австралиската Влада е во координација со САД, Велика Британија, Европската унија и другите влади во светот околу евентуалната агресијата на Русија врз Украина.

Останати вести