Скот Морисон и Грег Хант реагираа на извештаите за нова варијанта на ковид-19, која се нарекува „најлоша досега“.
Изјавувајќи дека австралиските власти нема да се двоумат целосно да ја затворат границата со Јужна Африка доколку се покаже дека новиот вид коронавирус е полош од делта, бидејќи Британија и Израел објавија оти веќе го блокираа патувањето од тој регион.
Здравствените експерти ја истражуваат новата варијанта на ковид-19 што предизвика сериозна загриженост, при што двајца австралиски делегати ќе присуствуваат на итен состанок на Светската здравствена организација за да разговараат за вирусот.
Министерот за здравство Грег Хант рече дека не се откриени случаи на варијанта Б.1.1529 во Австралија, но земјата ќе го ограничи патувањето бидејки здравствените експерти се загрижени за сојот кој има значителен број мутации.
Британија ја додаде Јужна Африка и уште пет африкански земји на својата „црвена листа“ за патување, забранувајќи ги сите директни комерцијални и приватни летови од Јужна Африка, Боцвана, Есватини (поранешен Свазиленд), Лесото, Намибија и Зимбабве. Израел го забрани патувањето од Јужна Африка, а Европската унија, исто така, ќе предложи активирање на „итна сопирачка“ за блокирање на воздушниот сообраќај од јужна Африка.
Г-дин Хант рече дека главниот медицински директор, професор Пол Кели и шефот на Научната и техничката советодавна група, професорот Брендан Марфи, во оваа фаза дадоа совет дека границата треба да се затвори со Јужна Африка.
„Ќе треба да почекаме повеќе информации за да видиме како варијантата ќе се однесува. Во оваа фаза бројките се многу мали, така што времето ќе покаже“, рече тој.
Се очекува дека „ќе бидат потребни неколку недели за да се види дали ќе почне да шири покрај делта варијантата“ и да се добие подобро разбирање за преносливоста. Јужна Африка е 28 отсто вакцинирана, рече Хант, но стапките на поширокиот континент се многу пониски со само 6,6 отсто вакцинираност.
Луѓето кои се враќаа во Австралија од Јужна Африка минуваа низ карантинскиот објект Хауард Спрингс во Северната Територија, а последниот лет за репатријација пристигна пред околу две недели.