Австралиската пливачка Аријарна Титмус го собори светскиот рекорд на 400 метри слободно на националното првенство во Аделаид.
Титмус (21) трката ја заврши за 3:56,40 минути, а претходниот рекорд го држеше Американката Кејти Ледецки (3:56,46), која го постави на Олимписките игри во Рио 2016 година.
Титмус освои злато и на 200 метри слободно, сребро на 800 метри и бронза во штафетната трка.