Ширењето на нови видови на КОВИД-19 околу Австралија предизвикуваат загриженост и потенцијал за затворање на границите, што дополнително го ограничува меѓународното патување.
Австралијците што живеат во странство повеќе нема да добиваат автоматска дозвола да ја напуштат земјата. Наместо тоа, тие ќе бидат принудени да аплицираат до Австралиските гранични органи за изземања што ќе биде дадено само под „исклучителни околности“. Досега, на жителите кои живеат во странство им беше дозволено да ја напуштат земјата без да имаат потреба за исклучоци, иако се испрашувани на границата и треба да обезбедат доказ дека постојано живеат во странство.
Забраната за напуштање на земјата ќе важи и за жителите на Австралија, вклучително и оние што живеат во други земји. Некои експерти тврдат дека ваквите мерки се против уставот.
Доколку луѓето сакаат да ја напуштат земјата, тие ќе мора да аплицираат за ослободување што може да се даде, меѓу другото, за работа, студирање или хуманитарни причини.
Министерот за здравство Грег Хант го измени законскиот инструмент со кој се воведе забрана за патување во странство и дополнително ги заостри правилата за австралиските граѓани или постојаните жители.
Промената ќе стапи на сила на 11 август и е воведена да ги одврати австралиските граѓани што живеат во странство да не летаат назад во Австралија само за посета, а не за трајно враќање.
Телевизија ABC откри дека 54 австралиски државјани починале од КОВИД-19 додека биле во странство од средината на мај оваа година, вклучително и многумина кои се обидуваа да се вратат дома.