Светскиот тениски рекет број 1, Шпанецот Карлос Алкараз, вели дека ужива во битката за првото место со Србинот Новак Ѓоковиќ. На последното рангирање, Шпанецот има 600 бода повеќе од српскиот ас, кој може да го симне од тронот на американската турнеја, бидејќи не брани ништо.
– Ги сакам таквите битки. Ми се допаѓа да знам дека можам да загубам, но истовремено да можам да се кренам. Секако дека уживам да се борам против една од легендите на спортот, против Новак. Се чувствувам како да сум негов најголем ривал. За мене, тоа е тотално лудо, се обидувам да уживам во тоа.
Треба да си поставувате цели во текот на сезоната, на секој турнир. Главната цел е да останам на врвот и, ако загубам, да се обидам да се кренам што е можно поскоро. Тоа е нешто што многу ми помага да го дадам најдоброто од мене на големите турнири – изјави Алкараз.
Алкараз беше елиминиран во четврт-финалето на турнирот во Торонто, од Американецот Томи Пол.
– Тоа не беше добра недела за мене, но има многу работи каде што можам да се подобрам. Ако се вратам една година наназад, загубив во првото коло во Монтреал, четврт-финалето на Синсинати, а потоа го освоив САД опен. Морам да го надминам она што се случи во Торонто и да се обидам да играм сè подобро и подобро – изјави Алкараз.
Карлитос пристигна во Синсинати и вели дека многу се променило од 2022 година.
– Многу работи се сменија од минатата година. Турнирот порасна, ова е мојот прв ден овде. Утрово го имав првиот тренинг, уживав. Навивачите беа таму, уживаа и тие – изјави Карлитос.
Алкараз во првото коло е слободен, додека во второто ќе игра со подобриот од мечот Иснер – Томпсон.