Драги членови и поддржувачи,
Нашиот сакан клуб Рокдејл Илинден отсекогаш бил повеќе од само фудбалски тим – тој бил срцето и душата на нашата заедница. Тоа е местото каде што се собирале семејствата, се создавале пријателства и со гордост се славело нашето македонско наследство.
За жал, во последниве години тој дух избледе.
Јас, Зак Агиоски, поранешен претседател на клубот, решив повторно да го предложам моето име како кандидат за претседател на претстојното Годишно општо собрание (AGM), што ќе се одржи во недела, 7 декември 2025 година, во Спортскиот центар Илинден.
Верувам дека дојде време за промени. Сегашниот комитет е веќе подолго време на чело на клубот, иако искрено им се заблагодаруваме за нивниот труд, резултатите зборуваат сами за себе.
Имаше време кога нашиот клуб беше институција – секоја недела се одржуваа настани во Центарот „Илинден“. Бевме домаќини на пеачи од странство, фестивали на заедницата, прослави, како и нашите традиционални Велигденски и Божиќни средби, Илинденскиот гала бал и Новогодишната забава.
За жал, со текот на годините сето тоа полека згасна.
Нашата гледаност на фудбалските натпревари исто така драматично е опадната. Пред само една деценија, Рокдејл Илинден беше гордоост и македонски клуб број еден во Австралија. Денес, просечната посетеност падна под 400 навивачи по натпревар. Не е тешко да се сфати зошто делови од нашата заедница се чувствуваат неповрзано, а многу талентирани играчи заминаа во други клубови.
Некои од неодамна изгубените играчи се:
Џејк Трајчевски – Престон
Никола Кулевски – Спартанси
Џејми Перчески – Спирит
Џејмс Темелковски – Маркони
Даниел Петковски (поранешен капитен) – Хилс Јунајтед
Даниел Романов – ФК Лајонс
Томас Петровски – Шел Харбор
Особено би сакал да го споменам Пол Петровски од „Paul’s Customs and freight services“, таткото на Томас, кој го поддржува нашиот клуб повеќе од 15 години и вложил над еден милион долари – вистински доказ за неговата љубов и верност кон Рокдејл Илинден.
Можеби најголемиот удар за нас беше заминувањето на легендата на клубот Алекс Урошевски во Бенкстаун Сити Лајонс.
Како трикратен добитник на „Златна копачка“, Алекс стана препознатливо име не само во македонската заедница, туку и во целиот Нов Јужен Велс. Одлуката на сегашниот комитет да го пушти длабоко ги повреди нашите навивачи.
Доколку бидам избран, ќе формирам искусен и страствен извршен тим – луѓе кои со години му служеле на клубот со посветеност и љубов.
Одѕивот веќе е огромен – волонтери, бизнисмени и поранешни членови изразија подготвеност да помогнат, финансиски и професионално, во обновата на клубот.
Мојата визија е јасна: Да го вратиме ФК Рокдејл Илинден таму каде што припаѓа – како водечки фудбалски клуб и како вистинско срце на нашата Македонска заедница во Сиднеј.
Ве повикувам сите на поддршка и активно учество. Заедно можеме да ја вратиме гордоста, страста и единството што некогаш го направија Рокдејл Илинден голем.
Да го направиме тоа за нашиот клуб, за нашата заедница и за идните генерации.