Австралиската техничка советодавна група за имунизација на 26 ноември 2021 има издадено документ во кој се наведени валидните причини за да не се прими вакцина. Меѓу нив е и прележаниот ковид.
АТАГИ дозволува по прележана инфекција со ковид-19 лицето да не прими вакцина во период и до 6 месеци. Еве што вели документот:
„Валидни причини за времено изземање од имунизација (за сите ковид вакцини):
… Инфекција со САРС-КоВ-2 потврдена со PCR, при што вакцинацијата може да се одложи до 6 месеци по инфекцијата. Вакцинацијата треба да се одложи за 90 дена кај луѓе кои примиле моноклонални антитела анти-САРС-КоВ-2 или реконвалесцентна плазмена терапија…“