Застрашувачкиот момент во НЈВ, кога ајкула опкружи тројца нуркачи на популарна плажа.
На снимката од дрон се гледа како ајкулата се движи веднаш до пливачот и се упатува кон тројца мажи во црни нуркачки костуми на плажа во близина на Форстер, на северниот брег на Нов Јужен Велс.
Во тој момент спасувачите го вклучиле алармот со звук за да ги предупредат посетителите на плажата.
Неколку моменти подоцна можеше да се забележат капачи во паника како брзаат надвор од водата, но нуркачите беа блокирани во близина на карпите и немаа јасна патека за бегство.
Емили Ховман, која управувала со дронот, изјавила дека се чувствува беспомошно бидејќи не можела да ги предупреди нуркачите, пишува DailyMail.
„Не можев да направам ништо со мојот дрон, не можев да ги предупредам“, изјавила таа.
„Нема звук, па се исплашив дека нешто лошо ќе се случи и се што можев да направам е да гледам“, додаде таа.
Како што може да се види на сликата, ајкулата плива веднаш под нуркачите, кои не биле свесни за нејзиното присуство.
За среќа на мажите, ајкулата не изгледала заинтересирана за нив бидејќи на крајот сама заминала.