Дербито на колото заврши без победник, а лесно можеше Јагуна Македонија да слави победа доколку Цветковски го искористеше ударот од 11 метри.
И двете екипи прикажаа допадлив фудбал на зелениот “тепих” на Џенсен Парк.
Јагуна Македонија го постигна првиот гол на натпреварот, а стелец беше неуморниот Цветковски.
Домашните резултатот го изедначија во 70-тата минута, а малку подоцна фудбалерот на Јагуна Македонија, Хусеин “заработи“ црвен картон.
Највозбудлив момент на натпреварот беше во 88-та минута кога Бришкоски беше фаулиран во казнетиот простор, а судијата покажа на белата точка. Ударот од белата точка го изведе Цветковски, меѓутоа голманот го “прочита” и шансата пропадна Јагуна Македонија да ги освои трите бода.
Сепак, на гостување еден бод претставува успех.
