Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските сили ќе останат во Авганистан се додека не се евакуираат сите Американци, дури и ако тоа значи дека ќе останат по датумот на повлекување 31 август.
„Ако останат уште американски државјани, ќе останеме таму се додека не ги извлечеме сите“, рече Бајден во интервју за Еј-би-си њуз еден ден откако многу американски пратеници го притиснаа да го продолжи рокот што го одреди за конечно повлекување. Бајден се најде на жестоки критики поради повлекувањето во кое доминираа сцени на хаос во и околу аеродромот во Кабул со луѓе кои очајно се обидуваат да излезат од земјата.
Американскиот претседател ги бранеше своите одлуки, велејќи дека проблемите се неизбежни при завршувањето на 20-годишниот ангажман на САД во Авганистан.