Американскиот претседател Џозеф Бајден одржа говор во Варшава при што предупреди дека војната во Украина нема брзо да заврши, додавајќи дека луѓето „мора да се подготват за долгата борба што претстои“.
– Оваа борба нема да заврши во наредните денови или месеци. Русија ја задави демократијата. Тврдењето на Путин дека ја денацизира Украина е непристојно. Тој мислеше дека ќе го подели НАТО, но ние сме единствени, рече тој.
Бајден, исто така, рече дека го гледа членот 5 на Повелбата на НАТО како „света обврска“. Членот 5 вели дека нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите членки. САД испраќаат за Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од милијарда американски долари.
Додаде дека Путин не е заинтересиран за никакви преговори. Исто така, според него, „рубљата се претворила во пепел како резултат на санкциите“.
Американскиот претседатек Бајден имаше средба со украински бегалци во Полска при што кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е „касап“.
На ова реагираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој потсети на барањето на Бајден од 1998 година за бомбардирање на Југославија.
– Тој е човекот кој во еден момент, зборувајќи пред телевизиските камери, бараше да се бомбардира Југославија. Така е, тој бараше бомбардирање на Југославија. Затоа, во најмала рака е чудно да се слушнаат такви вакви изјави од Бајден, заклучува портпаролот Песков.