Бајден за Украина го реактивираше „законот против Хитлер“ од Втората светска војна

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша закон со кој се овозможува забрзување на испраќањето воена опрема во Украина, со што повторно се активира законот од Втората светска војна.

„Украинците секој ден се борат за своите животи“, рече Бајден во Овалната соба, додавајќи дека „таа борба е скапа, но попуштањето пред агресијата би било уште поскапо“.

Потпишаниот документ – „Закон за заем за одбрана на демократијата на Украина од 2022 година“ – се заснова на програма од Втората светска војна, чија цел беше да и помогне на Европа да се спротивстави на Хитлер.

Тој беше поддржан од речиси сите претставници во Конгресот, освен десетмина од Претставничкиот дом кои гласаа против, се вели во соопштението на Белата куќа.

Од почетокот на руската инвазија на Украина, администрацијата на Бајден му испрати на Киев воена помош од околу 3.8 милијарди американски долари (околу A$5.5 милијарди).

Путин е многу пресметлив човек, ме загрижува што нема стратегија за излез од војната

Американскиот претседател Џо Бајден воедно изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на стратегија на Москва за излез од војната во Украина и во тој контекст размислува што да направат САД.

Говорејќи на политички собир во предградие на Вашингтон на кој беа собрани парични донации, Бајден рече дека Путин погрешно верувал оти со инвазијата во Украина ќе ги разбие НАТО и Европската унија.

Бајден дека Путин е многу пресметлив човек и дека проблемот што сега го загрижува е што рускиот лидер „нема излез во моментот“.

– Се обидувам да сфатам што да праваме по тоа прашање, кажа Бајден.

Останати вести