Според новите правила на лабуристичката влада во Викторија, од 1 март 2027 година, кога системот за топлење вода на гас ќе го достигне крајот на својот век на траење и се расипе, тој ќе мора да се замени со електрична алтернатива како што е топлинска пумпа.
Владата тврди дека електричните системи за топла вода ќе им заштедат околу 330 долари годишно на домаќинствата, или 520 долари со соларна енергија.
Електричните системи за топла вода се исто така често поевтини од системите на гас, со попусти достапни од владините програми за префрлување на електрична енергија во Викторија и Солар Викторија до 1.400 долари.
Во меѓувреме системите за топлење вода на гас сè уште ќе можат да се поправаат ако се расипат – ова е приближно крајот на системот на гас за домаќинствата. Системите на гас исто така во наредниве две години ќе можат привремено да се отстранат и повторно да се инсталираат за време на реновирањата.
Засега нема промени за системите за греење на домовите, ниту промени за готвењето на гас во постојните домови. Но таа гаранција сигурно нема да постои после наредните избори доколку повторно останат на власт лабуристите во Викторија.
Додека од 1 јануари 2027 година сите нови домови ќе мораат целосно да се на електрична енергија за сите потреби. Ова тврдат експертите ќе им заштеди околу 880 долари годишно на новите сопственици на домови, или 1.820 долари ако имаат инсталирано соларни панели.
Од 1 јануари 2027 година сите нови комерцијални згради (освен индустриските, производствените и земјоделските згради) исто така ќе треба да бидат целосно електрични за сите потреби.
Жителите на Викторија можат да пристапат до информации за инсталирање електрични апарати – што ги пресметува сите трошоци, годишни заштеди на сметки, поврат на инвестициите и применува владини попусти и рабати.
За да видите какви попусти и субвенции се достапни, посетете ја страницата energy.vic.gov.au/households/save-with-all-electric-home или за да го користите планерот на SEC, посетете ја страницата powerup.secvictoria.com.au.