Викториски наставник ја однесе Владата пред Врховен суд поради задолжителното вакцинирање

Еден наставник од Викторија започна судска акција против државата зашто воведе задолжително вакцинирање со паролата: „нема вакцина – нема работа“.

Наставничката на замена, Белинда Сетнар заедно со Џек Сетнар ќе се обидат да му застанат на патот на ова така што вложија итна апликација против политиката на Владата на Ден Ендрус.

Застапници на тужената држава Викторија се главниот здравствен службеник на Викторија, Брет Сатон, заедно со вршителот на должноста главен здравствен службеник, Дебора Фридман и секретарот на Министерството за здравство, Јуан Валас.

Врховниот суд на Викторија во вторникот ги сослуша двете страни и одреди дека ќе има судење кое ќе почне на 25 октомври.

Откако првично ја воведе политиката “нема вакцина – нема работа“ за градежните работници и занаети (што предизвика демонстрации и апсења), викториската влада ги задолжи и наставниците и вработените во образованието дека мора да ја добијат првата доза вакцина против коронавирус до 18 октомври, доколку сакаат да продолжат да работат во училиштата.

Во поднесената тужба Белинда Цетнар тврди дека политиката на задолжително вакцинирање треба да се забрани “бидејќи не е правно или етички оправдана, го поткопува владеењето на правото и е неконзистентна со одредбите за човекови права.

Наставничката, исто така, тврди дека се работи за „екстремна мерка“.

„Пристапот за задолжително вакцинирање не ги зема предвид човековите права на оние на кои им се наметнува, а обвинетите не ги разгледаа разумно достапните помалку рестриктивни средства за да ја постигнат целта за која се обидуваат да ја постигнат. Правењето на вацината задолжителна не е пропорционален одговор на пандемијата“, стои во тужбата.

Апликацијата пред Врховниот суд на Викторија доаѓа откако стотици луѓе беа уапсени во изминатите недели протестирајќи против политиката „нема вакцина – нема работа“, со која премиерот Даниел Ендрјус наложи вакцинирање за сите овластени работници.

Останати вести